(ВИДЕО) Американски авиони го соборија сомнителниот кинески балон

by Фокус

Сомнителниот кинески „шпионски балон“ е соборен над Атлантскиот Океан од американски борбени авиони.

Облак чад го сигнализира моментот кога леталото било погодено, најверојатно со проектил од еден од борбените авиони.

Како што објави Fox News Live, американскиот претседател Џо Бајден дал официјална наредба да се собори леталото, кое во моментот на соборувањето било точно над Атлантикот, односно над над Миртл Бич во Јужна Каролина.

Американската војска чекала леталото да излезе кон морето пред да го урне. Авионите на УСАФ, претходно биле забележани како кружат во близина на балонот.

Поврзани новости