Георгиески и врати на Стефоска: Нема законска можност за одземање на ингеренциите на Охрид

by Фокус

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески тврди дека нема законска можност за одземање на ингеренциите, како што вчера најави министерката за култура Ирена Стефоска, поради неспроведување на препораките од УНЕСКО.

-Според законот, централната власт на локалната власт може условно да и ги одземе ингеренциите само за одреден предмет или за конкретен случај, а не целосно. Тоа може да го направи само во случај ако локалниот инспекторат не постапува па надлежноста ја презема државниот. Досега по сите предмети согласно нашите ингеренции сме постапувале и немало барање односно потреба за интервенција на државниот инспекторат. Второ, од денот кога е донесен планот за управување, Општина Охрид во целост го почитува и спроведува, нема ниеден случај во кој сме постапиле спротивно на планот. Трето, ако министерката вистински сака да помогне во делот на отстранување на објектите, треба да помогне да се обезбедат 60 милиони денари финансии кои повеќе пати ги бараме – вели Георгиески за ТВ 24.

Тој вели дека за две и пол години, колку што тој е градоначалник, направени се повеќе активности за заштита на културното наследство отколку за последните 20 години.

Поврзани новости