Османи и даде поддршка на Захариева за расчистување на шпионската афера

by Фокус

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и изрази поддршка на бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева за справување со аферата на шестчлената група која шпионирала во корист на Русија.

„Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудува сите малигни активности на територијата на Бугарија“, напиша Османи на твитер.

Поврзани новости