Брисел ја забранува проституцијата поради корона вирусот

by Fokus

Градските власти во Брисел најавија дека ќе ја забранат проституцијата до ново известување, со цел да се обидат да го спречат ширењето на корона вирусот.

Три хотели во кои работеле проститутки се затворени поради непочитување на мерките за физичко растојание.

Најавено е дека полициските контроли ќе бидат засилени, со цел да се обезбеди почитување на забраната.

Од понеделник, баровите и кафулињата во Брисел мора да бидат затворени од 23 до 6 часот наутро, додека другите угостителски објекти се отворени до 22 часот.

Поврзани новости