Со мобилен телефон си префрлил 11.000 евра од туѓа сметка

by Фокус

Битолската полиција информира дека во текот на вчерашниот ден, Х.Д. од Република Турција, со привремено живеалиште во Битола, пријавил дека на 23-ти септември Н.О., исто така, турски државјанин со привремен престој во Битола, ја искористил неговата невнимателност и од неговиот мобилен телефон електронски од негова сметка префрлил 11.000 евра на своја сметка.

За неовластено навлегување во компјутерски систем бил известен Јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости