631
ФРОДЕМ денеска испрати соопштение во кое ги изрази своите очекувања дека во пресрет на изборот за нов ректор на УКИМ, академската заедница нема повторно да подлегне на притисоците од власта и ќе покаже дека навистина е загрижена за академската автономија.
-Веруваме дека никогаш повеќе нема да се повторат ситуациите кога изборите беа спроведувани по нарачка, а избраните не задоволуваа ниту еден од критериумите пропишани од Сенатот, којшто ги потврдуваше наспроти тоа, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.
Од ФРОДЕМ додаваат дека и во сите слични ситуации ќе укажува на оние што ги носат одлуките дека при секој избор на значајни раководни функции мора да се почитуваат начелата на стручност; одговорност; справедливост и интегритет на личноста.