Хајндл во Скопје, расплетот на кризата во фото-финиш?

by fokus

Хајндл доаѓа во Македонија. Специјалниот германски пратеник во вторник ќе се обиде да даде солуции за решавање на политичката криза, откако два пати веќе ги ислуша политичките лидери.

Тој, како што претходно беше јавено, бил на консултации и во Вашингтон.

При посетата минатиот пат, Хајндл порача сите политички партии да вложат напор за да ги спроведат потребните реформи оти времето е кратко.

И Хајндл, како и останатите странски посредници и амбасадори побара целосно повлекување на аболицијата, како услов за останатиот дел од преговорите.

Поврзани новости