Фрчковски: Македонија сега треба да настапи со цврста политика на потенцирање на апсурдноста на барањата на Бугарија

by fokus

Професорот Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека Македонија не треба уште веднаш да почне да прави алтернативни стратегии, туку треба да настапи со цврста политика на потенцирање на апсурдноста на барањата кои ги постави Бугарија.

-Нормално е дека ќе се развие антибугарски сентимент во Македонија, кога денеска Бугарија со која развивавме добри односи и бевме пријатели, рече дека Македонија не може да почне преговори. Една цврста политка на потенцирање на апсурдноста на барањата на Бугарија мислам дека треба да ни биде единствена опција.
Не сме во еднаква позиција и нема правда во таа ситауција. Ви осттанува во неправедни ситуација, во присуство на еден силен сведок како ЕУ и нејзините принципи, да останете да се борите. Издржување и потенцирање на апсурдот кој Бугарите го поставија и на нас и на ЕУ. Не треба ние сега брзо да почнеме алтернативни стратегии да правиме. Тежината на апсурдноста треба да им се остави на Бугарите да им тежи. Сега тие додаваат и други моменти, пример не се задоволни како го реализираме Кородирот 8. Тоа се празни реторички тези, со кои го зголемуваат колачот во преговорите. Кога се зголемува колачот, тоа остава поголем простор. Тоа е обид за нешто да постигнете договор, а од нешто да се повлечете. Првите три барања кои ги поставија се невозможни да се најде компромис. Но, овие точки кои сега ги додаваат, можеби може да бидат излез од ќорсокакот во кој не ставија.

 

Поврзани новости