Франција и Кина договорија состанок на Г20 поради корона вирусот, ММФ предвидува глобална рецесија

by Фокус

Претседателите на Франција и Кина, Емануел Макрон и Си Џинпинг, се договориле по телефон да одржат вонреден состанок на Групата 20, по повод ситуацијата со корона вирусот.

„Одржувањето на ваков самит би било корисно особено во санитарното поле и во соработка со Светската здравствена организација, за да работиме заедно на лекови и вакцини“, соопшти француското претседателство.

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиев, денеска на видео-конференција со претставниците на Г-20 предупреди дека глобалната рецесија по пандемијата на коронавирус може да биде полоша од рецесијата по финансиската криза во 2008 година.

Поврзани новости