ФОТО Заев на гости кај шеик-министер од ОАЕ кој му најавил инвестиции во Северна Македонија

by Fokus

Премиерот Зоран Заев објави дека му бил специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати. Шеикот најавил инвестиции во Северна Македонија.

„Јас во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас“, истакна Заев.

Државната делегација со посредство на шеикот остварила работни средби со повеќе компании од Дубаи и Абу Даби со кои биле отворени можности за економски инвестиции во Македонија.

За време на посетата премиерот беше придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на царина, Ѓоко Танасоски.

Поврзани новости