Фон дер Лајен:Ударните бранови што ги испрати војната на Путин стигнаа и до Западен Балкан

by Fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, на безбедносниот форум во Братислава, во делот од говорот посветен на Западен Балкан, изјави дека „неодамнешните тензии“ во регионот се загрижувачки, пренесува „Танјуг“.

„Неодамнешните тензии, се разбира, се загрижувачки. Ги повикувам сите страни да се оградат од конфронтацијата и да преземат мерки за враќање на смиреноста“, рече таа на форумот GLOBSEC 2023.

Фон дер Лејен не прецизираше на кои тензии мислеше. Во нејзиниот говор, кој најмногу беше посветен на војната во Украина, таа рече дека „ударните бранови што ги испрати агресивната војна на Путин стигнаа и до нашите шест партнери од Западен Балкан“.

„Но, тоа само не зближи“, додаде таа и посочи дека ЕУ ги проширила и на Западен Балкан истите мерки за солидарност кои ги преземала внатре во Унијата

Поврзани новости