Фофи Генимата избрана за претседателка на ПАСОК

by Фокус

Поранешната министерка и ќерка на еден на основачите на грчката партија, Фофи Генимата денеска беше избрана за претседателка на ПАСОК. Ова е првпат на чело на оваа партија да биде поставена жена.

Генимата го наследи Евангелос Венизелос, кој се повлече од претседателската фунција една година пред крајот на неговиот мандат. Тој беше вицепремиер во коалициската влада, предводена од лидерот на Нова демократија, Андонис Самарас, која управуваше со земјата од јуни 2012 до јануари 2015 година.

Новата претседателка на ПАСОК во својата прва изјава нагласи дека го преземала раководството на партијата во најкритичниот момент за земјата и побара одговорност од сегашниот грчки премиер Ципрас. Посочи дека премиерот треба да биде одговорен пред народот, а не пред членовите на неговата партија.

Поврзани новости