Финската премиерка негативна на дрога

by fokus

Финската премиерка Сана Марин е негативна на тестот за дрога, соопштија од нејзиниот кабинет.

Таа го направи тестот во петокот, откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како се забавува со пријателите, што предизвика бурни реакции во земјата.

„Не се пронајдени наркотици“, соопштија од нејзината канцеларија во понеделникот.

Премиерката во петокот кажа дека никогаш не користела дрога и дека само се забавувала.

Поврзани новости