Филипче: Вирусот нема да исчезне се додека не се измисли вакцина

by Fokus

Во текот на вчерашниот состанок разговаравме за олабавување на некои мерки, но денеска ќе се финализира таа дискусија. Треба да се финализира целиот детален план и препораките за функционирање. Ние направивме еден наш автентичен модел според карактеристиките на населението. Две држави не може да се споредат една со друга. Попуштање на мерките да биде само во одредени градови и региони е тешко да се препорача, бидејќи од самиот почеток имавме пристап на национално ниво, изјави министерот за здравство, во гостувањето во „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“, Венко Филипче.

– Кога ги димензионираме мерките и сега кога разговараме за нивно олабавување имам предвид дека станува за комплексен систем, а не за црно-бела ситуација кога нешто може да се имплементира, а после да се попушти. Станува збор за комбинација на мерки кои доколку се почитуваат ќе значи и намалување на трансмисијата на вирусот. Ние сме една од првите земји во Европа која препорача носење на заштитни маски, која доколку се почитува имаме сериозна шанса и покрај тоа што ќе препорачаме зголемена слобода на движење и скратување на полицискиот час, ќе имаме една од повеќето мерки која што ќе го спречи ширењето на вирусот, вели тој.

Околу лажниот мејл кој што се појави деновиве и ги информира граѓаните дека имале контакт со заболено лице, Филипче вели дека во целиот изминат период голем проблем била борбата со лажните вести.

-Тие креираат паника, која го загрозува јавното здравје. Ова е сериозен прекршок и некој не смее да си поигрува.

Околу информацијата за лажните тестови кои се продаваат во една приватна болница, министерот Филипче изјави дека тоа е надвор од ингеренциите на министерството, туку предметот е за ДСЗИ и Агенцијата за лекови.

-Сите јавни собири, ќе бидат со посебни протоколи. Тоа што е многу важно е дека со вирусов ќе живееме во целиот период кој е пред нас. Тој нема да исчезне се додека не се измисли вакцината. Но морам да спомнам и дека работата е под контрола и ги очекуваме протоколите и мерките од Комисијата. Одлично се справивме со кризата. Добро се координиравме и организиравме. Поставивме добра стратегија. Се водевме од бројките и науката. Дијагностициравме таму каде што е потребно. Ги заштитивме капацитетите на болниците. Немавме преполни болници. Ги избегнавме сценаријата од Италија и Шпанија. Сега ги гледаме резултатите од таа стратегија. Опаѓа бројот на заболени, иако имаме мали варијации. И во овој момент имаме стабилна ситуација, добри мерки и доколку граѓаните ги почитуваат се ќе се доведе во нормала. Се координираме и со соседите за начинот на отворањето на границите, вели тој.

 

Поврзани новости