Мерко: За литургијата во Струга не бев запознаен, но имало одобрение од полицијата!

by Fokus

Мислам дека граѓаните се веќе свесни за опасноста од Ковид-19. Во изминативе два месеци луѓето сфатија дека овој вирус не се тепа со оружје. Треба да ги следиме мерките и препораките што владата и владите во светот ги применуваат, изјави за „Утрински брифинг“, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

-Но, литургијата што се одржо во Струга некако го стави под знак прашање цел труд на државата и локалните штабови, бидејќи навистина беше собрана толпа. Оваа литургија се одржува секоја година и до сега немало никаков проблем, но оваа година бидејќи се справуваме со еден непредвидлив противник, мора да се знае дека оружјето е држење на дистанца и негрупирање на луѓето. Дај Боже да нема инфицирани. Јас како градоначалник не бев запознаен. Имало одобрение од полицијата, но одобрението било под одредени услови, додава Мерко.

Поврзани новости