Филипче: Предлагаме олабавување на мерките, неделава да се отворат авто школите, затворените трговски центри, центрите за едукација

by fokus

Комисијата за заразни болести предлага до Владата да се олабава рестриктивните мерки за заштита од корона вирусот, со што постепено ќе се врати животот во нормала, рече министерот за здравство Венко Филипче.

-Предлагаме во оваа недела да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници на органи за управување и конференции, авто школи и испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, и затворени трговски центри без угостителска дејност, како и центрите за рехабилилитација на слух и говор, рече министерот Филипчe.

Тој додаде дека од следната недела ќе предложат да се отворат угостителските објекти со послужување, како и спортските тренинзи на отворено за колективните спортови.

-По пратење на епидемиолошката анализа, во неделата која што ќе следи ќе се предложи со отворање на казината, затворени спортски базени, теретани и фитнес сали, рече Филипче.

Поврзани новости