Еден починат и 10 нови заболени од корона вирусот, од 189 тестирања

by fokus

Денеска се регистрирани пет излекувани пациенти и 10  нови случаи на заразени од корона вирусот, а биле направени 189 тестирања, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој појасни дека бројот на тестирања е намален бидејќи е намален и бројот на граѓаните кои имале симптоми.

Ново заболените се од Скопје-6, Куманово-2 и по еден од Прилеп и Битола.

Министерот истакна и дека за жал има и еден починат.

-Почина пациент од Делчево, на возраст од 60 години, рече Филипче, кој додаде дека вкупниот број на заболени е 1.674, од кои 1.205 се оздравени, 92 се починати, а 377 активни случаи.

Поврзани новости