Филипче: Нема нови рестриктивни мерки

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека не се во план да предложуваат нови рестриктивни мерки.

„Остануваме со овие мерки кои сметаме дека се добро димензионирани. Цело време ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој, се уште се испитува, па така нема потреба да правиме нови рестрикации. Временски период е кога може да има нови случаи, поладно е времето и луѓето се повеќе во затворени простории“, вели министерот.

Тој додаде дека на утрешната влада ќе дебатираат за финансиската стимулација за матичните лекари, со која тие ќе добијат по 30 денари од пациент, ако ги убедат 70 посто од нивните пациенти да се вакцинираат.

„Опфатени се околу 1.500 матични лекари. Тоа би било еден бонус, кој ќе го добијат. Веќе разговарав со дел од колегите. Тие треба преку комуникација, апели, повици да ги убедат граѓаните да се вакцинираат. На влада ќе зборуваме за сите предложени мерки. Ќе биде поголем фокус. Матичните лекари имаат апсолутно право да ги мотивираат пациентите да се вакцинираат“, рече ресорниот министер.

Поврзани новости