Фатени тројца мигранти од Куба

by Фокус

Тројца мигранти од Куба биле пронајдени вчера на автопатот во правец Скопје–Гевгелија, на место викано „Клучка Прдејци“, од страна на патролен тим од полициски службеници.

Како што информира МВР, мигрантите биле пронајдени во патничко возило мерцедес со скопски регистарски таблички, а лишени од слобода биле Р.Љ.(55) и А.Ќ.(46) од Куманово.

„Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело, двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости