Филипче: Ќе има доволно вакцини, важно е масовно да се вакцинираме

by Фокус

Преку системот „Ковакс“ ќе обезбедиме 800.000 вакцини, исто толку и преку директен договор со „Фајзер“, нешто помалку преку системот на солидарност на ЕУ, за да можеме некаде околу 1 200 000 граѓани да вакцинираме, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на ТВ21.

-Се најавуваше дека преку системите, особено преку „Ковакс“, дека ќе има доволно количини вакцини и дека навремено ќе стигнат, но не е така. Ќе дојдеме во фаза кога ќе има доволно вакцини за сите, во сите држави. Како вкацината ќе се одрази врз пандемијата зависи од процентот на население кое ќе се вакцинира. Се повеќе производители се фокусирани на масовно производство, но важно е дека сите вакцини се безбедни, сигурни, штитат од смрт, или од тешка форма на вирусот, тој што ќе ја прими е веќе заштитен, и затоа е важно поголем број граѓани да се вакцинираат, зборуваме за 60 до 70 отсто од населението на секоја држава – истакна Филипче.

Поврзани новости