„Фајзер“: Важно е вакцините да бидат безбедно транспортирани и чувани

by Фокус

Вакцините да бидат безбедно и навремено транспортирани и чувани во соодветни услови додека да стигнат до пунктовите за вакцинација, велат од „Фајзер“ за ТВ 24, во однос  на прашањето дали земји кои набавиле вакцини смеат да донираат или да препродаваат на други земји, како што е случајот со Србија и Македонија.

„Важно е вакцините да останат во рамките на утврдениот синџир на снабдување за да можеме да обезбедиме дозите да стигнат до предвидените популации во добра состојба и да се администрираат онаму каде што е соодветна поддршката за давателите на здравствени услуги и каде будноста во фармакологијата е во функција“, одговориле од компанијата, додавајќи дека имаат развиено детални логистички планови и алатки со кои се обезбедува транспортот, чување и постојаното следење на температурата.

Според последната најава, како што рече министерот за здравство Венко Филипче за ТВ 21, драфтот на договорот со „Фајзер“ треба да пристигне на почетокот од следната недела. Според него, станува збор за политика која многу компании ја имаат во овој изминат период кога станува збор за вакцините.

-Инсистираат на тие доверливи и директни договори со државата да се избегнат вообичаените процедури кои фармацевските компании ги имаат преку локалните компании, веледрогерии и претпоставката е дека ниту една компанија не сака да се најде во ситуација да некој нејзин продукт се препродава во некои регион во светот и затоа е тоа така, многу строг мониториран и контролиран процес – објаснува Филипче, откако се одложи испораката на ванцините од Србија за Македонија.

Поврзани новости