Филипче: Ќе чекаме потврда дали вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна

by Fokus

Вакцинирање засега тече без проблем, а состојбата со вакцинацијата на „АстраЗенека“ ќе мора да се следи со голема претпазливост, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ќе чекаме потврда дека вакцината е безбедна. Сакаме да бидеме претпазливи, денеска имаме закажано состаноци со МАЛМЕ, а ако треба ќе се обратиме до Европската агенција за лекови. Има ситуации каде вакцината на „Астра Зенека“ предизвикува тромботична реакција кај млади луѓе, иако се ретки, ние сакаме да бидеме претпазливи. Засега нема препораки дека нешто превентивно треба да се прави, станува збор за ретки случаи“, истакна Филипче.

Поврзани новости