Следната недела ќе биде познато дали некој од обвинителите од СЈО ќе го засилат обвинителството во кое шефува Русковска

by fokus

Советот на јавните обвинители за утре закажа нова седница, но повторно во дневниот ред не се најде точката за избор на јавни обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и во Вишото обвинителство.

За расправа предвидени се четири точки и тоа:

1.Усвојување на записникот од 21 (дваесет и прва) седница на Советот.
2.Донесување на Правилник за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
3.Разгледување на дисциплинскиот предмет СОЖ бр. 2/20.
4.Разно

Конкурсот за избор на пет обвинители во Организиран и пет обвинители во Вишото обвинителство беше распишан уште пред шест месеци, а точката за нивен избор никако да се најде на дневен ред. Според претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски, пак најверојатно следната недела ќе биде извршен изборот.

-Многу веројатно е дека следната точката ќе биде ставена на деневен ред. Се чекаше да се создадат услови за изборн на обвинителите, бидејќи сакаме сите места да се пополнат, изјави Колевски за „Фокус“, кој поајснува дека во јануари „топката“ била префрлени во нивни раце, односно тогаш завршила оценката на кандидатите од повисоките обвинителства.

Инаку на листата на кандидати се повеќето обвинители кои беа дел од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Валентина Вурмо

Поврзани новости