Дали Кичеец ќе ја изгуби привилегијата да излегува на слобода?

by fokus

Во петокот, Кривичен совет од гостиварскиот суд, му го укина притворот на Зоран Милевски Кичеец, по што беше вратен во затворот во Струга. Сепак, како што дознаваме, се очекува тој од отвореното оделение, каде што досега ја издржуваше затворската казна за „Рекет“, да биде преместен во полуотвореното или во затворено одделение, а ќе ги изгуби и привилегиите да излегува на викенд. Доколку биде донесена ваква одлука, сепак тој ќе мора да биде преместен во друг затвор, бидејќи затворот во Струга е од отворен вид.

Доброупатени извори за „Фокус“ појаснуваат дека и досега, кога за лице кое издржува затворска казна се води друга постапка, тогаш ги губи дотогашните привилегии, како право на викенд или на одмор. Инаку на Кичеец, досега му беше дозволено да оди на работа, што практично значеше дека во ќелија се враќаше само за спиење.

Од Управата за извршување на санкции и од Министерството за правда ни одговорија дека во текот на денот ќе излезат со официјално соопштение.

Кичеец е осомничен дека ја предизвикал сообраќајка со жртва, која што се случи на 4 септември, кај Стража.
Истрагата утврдила дека Кичеец додека бил на прекин од издржување на затворската казна, даден за лекување, возел кон Скопје, но на патот Кичево – Гостивар наводно претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.

В.В.

Поврзани новости