Филипче: Имаме направено најголем број тестови на милион жители од целиот регион

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на прес-конференција во Владата информираше дека досега се направени вкупно 4.117 тестови за корона вирусот и оти земјава има направено најголем број тестови на милион жители од сите земји во регионот.

– Само Словенија има повеќе од нас. Значи над 2.000 тестови на милион жители што се смета за огромна бројка. Од вкупниот број земји во светот, ние сме меѓу првите 30-40 што сметам дека е одличен резултат и сакам да потенцирам дека не станува збор само за бројка на тестови, туку целокупен пристап кон идентификување на пациентите, нивните контакти, кластерите на заболени, истакна Филипче.

Појасни дека се тестираат позитивни со симптоми пациенти, се идентификуваат нивните примарни контакти и на нив им се препорачува самоизолација и оти тестирајќи на овој начин, институциите имаат целосна контрола и увид во третманот односно состојбата на пациентите.

Поврзани новости