Бебето на родилката од Куманово нема корона вирус

by Fokus

Новороденчето на 27-годишната кумановка, која е носител на опасниот вирус нема корона вирус, дознава „Фокус“.

Како што веќе објавивме, во вторникот на скопската Клиника за Гинекологија се породи 27-годишна пациентка од Куманово, позитивна на корона вирусот.

На 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е примена второротка од Куманово на возраст од 27 години која во 20:15 поради намалена плодова вода и влошена општа состојба е породена со царски рез. Пациентката е спроведена и породена во изолација, заради фактот што истата како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова e најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар – се наведува во соопштението од Гинекологија.

На пациентката освен комплетната лабораторија, земен и е и брис за Ковид- 19 чиј што резултат е стигнат пред два дена во 18.00 часот и истиот е позитивен на вирусот.

Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на интезнивна нега на ГАК. Новороденчето е изолирано  и е во добра општа состојба, не е на машина туку само со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и направен тест на Ковид-19. Пациентката при приемот е без температура, но во својот исказ посочува дека пред 3 дена имала грозница и се пожалила на сува кашлица. Пациентката укажа на тоа и дека нејзиниот свекор, исто така од Куманово, е позитивен на  Ковид- 19 – информираат од клиниката.

Таа во вечерните часови, во вторникот е префрлена на Клиниката за инфективни болести за да продолжи со понатамошно лекување.

Ирена Мулачка 

Поврзани новости