Филипче: Бројката на заразени од корона вирус може да заврши од 1.600 до 1.700 пациенти

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека претпријатието „Бутел“ ги намалиле погребните услуги за пациентите починати од Ковид 19, откако претходно разговарал со директорот.

Тој, исто така објасни дека тие првично со епидемиолозите направиле проценка за заболени од корона вирус од 2.000 до 2.500 заразени.

„Од стручен аспект, на презентацијата заедно со епидемиолозите ги прикажавме овие криви и очекувања и во првиот момент кривата беше поставена така дека ќе стигнеме од 2.000 до 2.500 пациенти. Тогаш немавме воведено никакви мерки на рестрикција.  Тогашниот број на пациенти и како беше поставена кривата беше дека проценката ќе биде од 2.000 до 2.500. Последните податоци ни покажуваат дека оваа бројка може да биде од 1.600 до 1.700 пациенти. Но, да не се опуштаме – истакна Филипче.

 

Поврзани новости