Филип Секуловски, осомничениот за убиството на Јанушев, ставен на листата за потраги на МВР

by fokus 12:59
12:59

Филип Секуловски, осомничен за убиството на 28-годишниот Мартин Јанушев, е ставен на листата за потраги објавена на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи.

МВР во четвртокот соопшти дека Секуловски е осомничен за убиството на Јанушев, што се случи пред 18 дена, а по него беше и распишана меѓународна потерница.

- Advertisements -

Покрај објавената фотографија, се наведени и личните податоци на Секуловски, но таму не е наведено за кое кривично дело е осомничен, како што е случај за останатите осомничени кои се на листата за потраги.

-Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев. Поднесена е и кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот – речепред неколку дена министерот Оливер Спасовски.

Управата за извршување санкции веќе потврди дека против 25-годишниот Секуловски е распишана потерница како бегалец од затворот во Шуто Оризари. Секуловски е пуштен на слободен викенд во петок пред убиството, а потоа не се вратил на издржување на казната.

Јанушев беше убиен на 3-ти ноември годинава со неколку куршуми на влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.

Поврзани новости