За една година завршил средно и го унапредиле во командир, поради лажна диплома на пожарникарот ќе одговараат наставник и директор во СУГС „Цветан Димов“

by fokus

Командир на територијална противпожарна единица во Општина Старо Нагоричане се товари за „употреба на исправа со невистинита содржина” затоа што бил поставен на раководното место со лажна диплома набавена од средното скопско училиште „Цветан Димов“ каде бил запишан како вонреден ученик. Освен за 50-годишниот О.С. поднесени се кривични пријави и против наставник во училиштето В.Д.(35), како и против директорот Ш.З.(38).

Наставникот и директорот се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според полицијата, наставникот, како одговорен за вонредните ученици, и директорот, и покрај тоа што знаеле дека О.С. не бил запишан како вонреден ученик во 2012 и 2013 година, туку бил запишан на точно неутврден датум во 2014 година, како и дека, третопријавениот не ги полагал сите испити по предметите, своерачно, со потписи и печат му изготвиле и издале четири лажни свидетелства и диплома за положен завршен испит, како и лажна потврда.

О.С. потоа, велат од поцлијата, ги употребил овие документи како доказ во правниот сообраќај во повеќе наврати. Со нив исто така бил вработен како командит на противпожарната единица. На оваа позиција од јануари 2015 до октомври 2017, му се исплатени 34 месечни бруто плати во точно неутврден износ. За овој износ го оштетил буџетот на државата.

Поврзани новости