Најдени 57 пластични шишиња со жива во автомобил на пат кон Охрид

by fokus

Против двајца скопјани и еден охриѓанец на возраст помеѓу 53 и 58 години е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “неовластено производство, постапување и промет со опасни материи или штетни организми, семенски или саден материјал“, откако во автомобил биле пронајдени 57 пластични шишиња со жива.

Автомобилот марка “Фиат линеа“ бил пресретнат кај село Трапчин, Кичево. При прегледот од страна на полициски службеници биле пронајдени шишињата. Проценето е дека живата е со чистота над 99 отсто, а со тежина од 9,8 килограми.

Осомничените се договориле опасната материја да ја транспортираат од Скопје до Охрид. Шишињата со жива, првопријавениот, од 2012 година до 21.03.2017 година, ги чувал во изнајмен стан во Скопје.

Поврзани новости