820
Европската унија воведе санкции за сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, рускиот олигарх Роман Абрамович, како дел од новиот пакет казнени мерки против Русија.
ЕУ го додаде 55-годишниот Абрамович на ажурираната листа на поединци чии средства се замрзнати и забранети за патување поради нивната улога во руската инвазија на Украина.
Унијата објави дека Абрамович „има привилегиран пристап“ до рускиот претседател Владимир Путин и дека „одржува многу добри односи“ со него.
„Оваа врска со рускиот лидер му помогна да го задржи своето големо богатство“, соопшти ЕУ.