Бесими: Треба да се приспособиме на кризата

by Fokus

Во Буџетот за 2022 година, кој е усвоен во Собранието, предвидено е задолжување од 600 милиони евра. Од нив, 545 милиони евра се за покривање на дефицитот, планиран во Буџетот, а останатиот дел е за зголемување на депозитите што вообичаено се оставаат на крајот на годината за наредна година за резерви, изјави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој за емисијата „24 Анализа“ посочи дека предвиденото задолжување можеби ќе се прави на надворешниот пазар, со цел да се остават повеќе средства на домашниот пазар за економијата, но не е исклучено и дел од задолжувањето да се направи на надворешниот, а дел на домашниот пазар.

– Се наоѓаме во енормна енергетска и ценовна криза годинава и ние треба да се приспособиме на тоа и тоа да го прикажеме во Буџетот, бидејќи се друго не би се реализирало. Затоа правиме консултации и ревидирање на Буџетот за да се приспособи кон она што ќе се случи, но притоа, како и минатата година, која, исто така, беше тешка и успеавме да оствариме раст, и годинава планираме раст кој ќе се ревидира поради драстично сменетата ситуација, рече Бесими.

Поврзани новости