„Денот на црвот“ од Симона Јовановска добитник на наградата „Роман на годината“

by Fokus

Денот на црвот“ од Симона Јовановска во издание на издавачката куќа „Или-или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Според жири комисијата, романот претставува успешно книжевно остварување, во кое авторката на умешен начин комбинира различни приказни, егзестенцијални ситуации и човечки судбини.

Оваа награда ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а претседателот на жири комисијата Владимир Јанковски на денешната прес-конференција посочи дека комисијата на последниот состанок со мнозинство гласови се одлучи за овој роман.

Поврзани новости