Заев и Ахмети ќе договораат заеднички кандидат за претседател

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ треба да се охрабри, да се одважи и да учествува на претседателските избори, иако најверојатно ќе изгуби, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во врска со најавите од ВМРО-ДПМНЕ за можен бојкот.

Груби посочи дека во текот на овој месец лидерот на ДУИ, Али Ахмети, треба да се сретне со премиерот, Зоран Заев, и да го договорат кандидатот за претседател.

-Во текот на овој месец, откако ќе завршат одморите, Ахмети ќе седне со Заев да разговараат околу претседателските избори. Нашите убедувања се слични и лесно можеме да постигнеме договор за да имаме заеднички кандидат кој најдобро ќе ги претставува граѓаните и ќе ја претставува реално кохезивноста на општеството – изјави денеска Груби.

Во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, Груби рече дека е против.

-Граѓаните не заслужуваат да бидат постојано во изборни циклуси –  рече тој.

Поврзани новости