Се живо е партизирано во државава, вели Бајрам Кадрија од ДУИ

by Fokus

Во Македонија не можете да најдете лица кои не се политизирани, а и најобичниот граѓанин е политизиран, да не зборуваме за некој директор или заменик директор, изјави пратеникот на ДУИ, Бајрам Кадрија, во текот на денешната расправа за предлогот на пратеникот Павле Трајанов од ДС за формирање нова Агенција која ќе се бори против тешките форми на организиран криминал и висока корупција.

-Точно е дека партиите се виновни, политиката е виновна, поради тоа зошто да отвораме уште една институција што ќе биде партизирана, каде ќе ги најдете тие луѓе што нема да бидат партизирани. Јас би поддржал едно вакво решение со вклучување на надворешни експерти, но и внатре во тие институции да има странски експерти. Во Македонија не ќе можете да најдат обичен човек непартизиран, а не па директор, заменик директор – рече тој.

Според Кадрија, вакви институции постојат во нашата земја, но смета дека нема политичка волја за борба против криминалот и корупцијата од ниту едната политичка партија бидејќи тие се штитат меѓусебно кога се на власт и во опозиција.

Поврзани новости