Јовески: На родителите на Алмир им реков дека нема никаква заднина во преквалификација на делото

by fokus

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, во интервју за „Макфакс“ изјави дека на негово барање се сретнал со родителите на четиригодишното дете Алмир Алиу од Куманово, кое беше прегазено во 2016 година во Куманово и им подлегна на повредите.

„Бев со цел да им кажам дека нема никаква заднина во преквалификацијата на предметот“, рече Јовески во интервјуто.

Тој посочува во случајот нема никаква етничка или каква и да е друга позадина. Јовески потенцираше дека го проучил предметот за прегазувањето на малиот Алмир и дека обвинението на обвинителот се заснова на факти и докази што му стојат на располагање.

„Во конкретниот случај врз основа на доказите и вештачењата во предметот, обвинителката која го застапува предметот утврдила дека во случајот нема умисла, односно дека доказите не го потврдуваат обвинението кое првично било убиство со умисла“, рече Јовески.

Тој додаде дека значаен дел од над 25 обвинители на повисоките обвинителства се изјасниле дека прибраните докази не го потврдуваат првичното обвинение.

Поврзани новости