Мицкоски: Заев и Владата ќе кратат од пензиите

by fokus

По зголемување на даноците и пресметката со пазарџиите, Заев и Владата удираат по пензионерите кратејќи им ги пензиите, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето видео обраќање.

-Согласно законот секоја година на пензионерите им следува минимално законско усогласување по што пензиите растеа за одреден процент. Сега оваа Влада со законски измени го крати тој процент, односно практично крати од пензиите. Пензиите повеќе нема да растат како последица на просечно нето исплатената плата за сите вработени во Република. Се потврдува шарената лага на Заев. Се работи за 300.000 граѓани кои ќе бидат оштетени – порача Мицкоски.

Видео обраќање

По зголемување на даноците и пресметката со пазарџиите, Заев и Владата удира по пензионерите кратејќи им ги пензиите.

Publiée par Hristijan Mickoski sur Mercredi 23 janvier 2019

Поврзани новости