Последната порака на исчезнатиот фудбалер Сала: Луѓе, многу се плашам, авионот ќе се распадне!

by fokus

Исчезнувањето на фудбалерот Емилијано Сала го обедини фудбалскиот свет, кој очајно трага по него, но шансите тој да биде пронајден жив се минимални.,

Додека се уште се трага по делови од авионот или било каква трага која би укажала на тоа како се случила несреќата, во јавноста излезе порака, која фудбалерот ја испратил до свој близок пријател.

„Сега сум во авион кој најверојатно ќе се распадне. Одам во Кардиф. Утре веќе ме чека нов почеток. Ако не ме пронајдете за час и пол, не знам дали ќе испратат некој да ме бара, затоа што тешко е дека ќе ме пронајдат. Луѓе, многу се плашам“, му рекол Сала на својот пријател.

Поврзани новости