Мајка ја присилувала малолетната ќерка на полови дејствија со 60-годишник и се задоволувала пред неа

by fokus 14:18
14:18

Девојче во Дебар било жртва на сексуалната изопаченост на нејзината 37-годишна мајка со иницијали А.К. Малолетничката била сексуално злоупотребувана од 60-годишник со иницијали Б.Б. и тоа со дозвола на мајка и.

Освен тоа што ја присилувала на полови дејствија со старецот, и самата вршела полови дејствија врз ќерката, велат од полицијата.

- Advertisements -

„Б.Б. во неколку наврати сексуално, со допирање ја злоупотребил малолетната ќерка на второпријавената А.К.. Таа, по барање на Б.Б. ја присилувала својата ќерка  на полови дејствија со  него, но и самата вршела полови дејствија во присуство на  малолетната ќерка“, посочуваат од таму.

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против двајцата. Б.Б. се товари за „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, а мајката за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „запуштање и малтретирање на дете“.

Малолетничката, за таквите  постапки  го известила и побарала помош од  својот татко.

Со девојчето бил извршен разговор во присуство на стручни лица од Меѓуопштински центар за социјални работи Дебар. Притоа, била донесена одлука да се отстрани А.К. од семејството и да се преземат дополнителни мерки заради заштита на малолетно лице.

Поврзани новости