Бочварски со привремен стационар ќе го решава проблемот со бездомните кучиња во Штип

by fokus

Од Општина Штип информираат дека се разгледуваат можности за отворање на привремен стационар за решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомните кучиња. Стационарот би се наоѓал кај локацијата Новакова Чешма.

„Во наредниот период градоначалникот на Општина Штип ќе преземе активности во насока на целосно и долготрајно решавање на проблемот со кучињата скитници, што го презеде како обврска со склучувањето на меморандумот за соработка со претставници на граѓанските организации, ФЕС со „Обврска сега! за денот потоа.“, велат од Општината.

Од таму додаваат дека се планира во 2018 изработка на планска документација за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња.

„Реализацијата на планираните активности општинските служби ќе ја остваруваат преку активна соработка со локалните здруженија за заштита на животните, како и нивно вклучување во управувањето и работењето на стационарите, со што се гарантира хуманост кон животните, максимална транспарентност и доследност во спроведување на програмите“, посочуваат од Штип.

Поврзани новости