545
22-годишно момче почина утринава откако падна од прозорец од шести кат од зграда во близина на Железничка станица. Иницијалите на момчето се Г.Д. и е роден во 1996 година. Зградата се наоѓа на улица „Бојмиа“.
Смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош. Полицијата изврши увид на местото на несреќата.