Јункер одби да одговори дали е оправдано Грција да бара од Македонија промена на Устав

by fokus

Престедателот на Европската Комисија, Жан КЛод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз изјави дека Европската Унија не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името, пренесе МИА.

– Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија да изнајдат решение за прашањето за името, ангажирани се во преговори, ние не треба да интервенираме, вели Јункер.

Тој одби да одговори и на прашањето на новинарката за тоа дали е оправдано барањето на Грција, Македонија да го менува Уставот.

Поврзани новости