Богоевски: Колку подолго се на одмор обвинителите, толку повеќе време за уништување докази

by fokus

Поранешниот пратеник, Павле Богоевски, апелира истрагите за отворените предмети во Обвинителство, како што е предметот „Рекет“, да продолжат, и при тоа посочува дека сега не е време за одмор на обвинителите.

Посочувајќи на видеото кое денеска го објави италијанскиот весник „Ла Верита“, Богоевски вели дека „ова е многу убаво потсетување од странците дека одморот на обвинителите и истражителите е избрзан“.

„И оваа фаза од постапката е врзана со рокови. Колку повеќе одмор = толку помалку време за работа, помалку резултати, послаб предмет. Толку повеќе време за форматирање телефони и уништување на докази во другите предмети за кои има индиции во јавноста.

Во спротивно, ризикуваме и други клучни фигури во истрагата да си го продолжат одморот (боледувањето) на неопределено“, напиша Богоевски на фејсбук.

Во меѓувреме годишен одмор користи обвинителката Вилма Русковска, шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција, која го води предметот „Рекет“, а на одмор е и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, чии телефони беа одземени во рамки на истрагата.

Поврзани новости