Анима Мунди: Забрана за увоз, продажба и размножување на кучиња кои можат да бидат опасни

by Fokus

Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема, велат од невладината организација за заштита на правата на животните „Анима Мунди“, откако осумгодишно момче беше до смрт искасано од домашно куче.

„Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но што и да се рече сега е доцна за ова дете , а секое слободно толкување во однос на оваа несреќа од која нема назад за нас е непримерно и болно. Единствено што би сакале да се знае дека како здружение за заштита на животни без дилема и веднаш би поддржале забрана за увоз, продажба, подарување и размножување, како и чување од малолетни лица на секое животно кое има ФИЗИЧКИ предиспозиции да нанесе тешки телесни повреди или да загрози живот на друго битие.
Нагласуваме физички предиспозиции бидејќи нашите искуства, искуствата на стручната фела, а и статистиките кажуваат дека најголемите, најсилните животни имаат најстабилен карактер, се најмирни, но нивната сила е огромна, па дури и со еден потег би можеле да бидат кобни по човек или животно. Еден може да биде фатален.
Поддржуваме и бараме прецизна категоризација во соработка со стручни и засегнати страни и мораторијум на размножување, продажба и увоз на животни кои ќе се категориризаат како такви веднаш. Наши предлози се и мандаторна стерилизација или забрана за размножување на сите кучиња, но за овој тип на животни ги бараме и поддржуваме веднаш“, велат од „Анима Мунди“.

Поврзани новости