Мицотакис до пратениците кои гласаа за доверба на Владата на Ципрас: Го отворате патот за македонскиот идентитет и јазик

by fokus

Тој што гласа „за”, го отвора пат за наводниот македонски идентитет и јазик за соседите, како што предвидува Договорот од Преспа, рече претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во неговиот говор кусо пред синоќешното гласањето доверба на владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, кој во поголемиот дел од говорот се задржа на економијата и на внатрешната политика, му порача на Ципрас „да ги заборави експресните процедури и тајните методологии за да го помине штетниот Договор од Преспа”.

Во однос на заканите до одредени пратеници, лидерот на Нова демократија рече дека секој граѓанин има право да го искаже своето мислење до пратениците, но не со закани и насилство.

-Нова демократија е наспроти секој вид на насилство од каде и да доаѓа, рече Мицотакис

Лидерот на Нова демократија повтори дека изборите се единствено решение за земјата да оди напред и „сѐ додека продолжува сегашната политичка мрачнина земјата тоне“.

Поврзани новости