Електронски рецепти и во иднина, а електронски ќе се запишуваат и децата во градинка и училиште

by fokus

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прес конференција истакна дека електронското издавање на рецепти се покажал како успешн, поради што ќе се применува и во иднина.

-Електронскиот рецепт е трајна придобивка, но и после кризата чекањето на лекар и долгите редови на лекар ќе се минато – рече Манчевски.

Тој најави дека следни се и електронско запишување на деца во градинка, во училиште, автоматско префрлање помош за новороденче, добивање Уверение за остварени приходи од УЈП…

И министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека електронските рецепти ќе се издаваат и во иднина.

-Овој проект за електронско издавање на рецепти почна пред кризата со Ковид-19. Ни се покаже дека е одличен проект, токму кризата го покажа тоа, зошто на овој начин хронично болните се најмногу заштитети, односно нема да морат да одат во амбуланта, рече министерот Филипче.

Од први мај до сега преку системот се креирани преку 3 милиони електронски рецепти, додаде Филипче.

Поврзани новости