Експертскиот тим на Прибе се сретна со ААВМУ: Обезбедување услови за непречено вршење на работата на новинарите

by fokus

Во рамки на спроведувањето на Итните реформски приоритети од Извештајот со препораки од 2015 година, експертски тим, предводен од Рајнхард Прибе, вчера имаше средба со директорт и членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), информира денеска ААВМУ.

На средбата, според соопштението, се разговарало за начинот на функционирање на регулаторното тело по стапувањето во сила на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за медиуми, политичката и финансиската независност на Агенцијата, нејзината транспарентност, како и слабостите во медиумската сфера и потребата за нивно надминување, особено во поглед на санкционирањето на говорот на омраза, почитувањето на професионалните стандарди и обезбедување услови за непречено вршење на работата на новинарите.

Поврзани новости