Премиерот Заев и министерката Царовска во посета на текстилните фабрики

by fokus

Премиерот Заев денеска ќе биде во работна посета во Штип. Тој заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и пратеникот Благој Бочварски ќе посетат две текстилни фабрики.

„Модена и Милано“ и „Гранд Текс“ се фабриките во кои премиерот ќе разговара со работниците и менаџментот на компаниите, а после тоа ќе има работен состанок со членови на синдикати и работнички здруженија.

Текстилниот сектор е најслабо платена гранка во државата, а работниците од страв и притисок молчат и работат без да си ги бараат правата во повеќе текстилни фирми. Премиерот Заев во својата пограма најави зголемување на платите за текстилците.

Поврзани новости