Груевски во Апелација: Се подготвувам да победам на избори, да се вратам на власт, не да бегам

by Fokus

Одбраната на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тврди дека СЈО го пробило рокот за поднесувањето на обвиненија за случаите Титаник, Тврдина и Таргет и затоа судот не треба да ги разгледува тие случаи.

Според нив, СЈО ги поднело обвиненијата за овие случаи на 30 јуни во 21 часот, а шалтерите работат до 16 часот.

За Груевски, пак јавувањето еднаш неделно на суд е политичка деградација.

– Не сум сторил кривично дело за да имам причина да се плашам. Против мене се води политички прогон и хајка. Единствениот сведок против мене е Заев, едвај чекам да започне судењето за јавноста да се увери дека сум невин. Сум имал можности да избегам 2 години откако СЈО најави дека ќе ми бидат поднесени обвиненија. Сум патувал и сум се враќал. Јас се подготвувам да победам на избори, не да бегам. Каде би бегал во овој глобализиран свет, до сега не сум отсуствувал од рочиштата и на секоја покана од судот ќе се јавувам – рече Груевски.

Од СЈО, пак сметаат дека постои опасноста од бегство поради неговата голема имотна состојба на банкарски сметки кои би му овозможиле живот и надвор од Македонија, имал 10 милиони денари, 46 илјади евра и 7 илјади швајцарски франци на банкарските сметки.

Поврзани новости