Ексклузивно: Субрата уапсен зашто месец дена се нема гушнато со Ставревски

by lali

Индискиот бизнисмен Субрата Рој сам и се предаде на полицијата денеска, откако по него беше распишана потерница. Како што дознава “Коза ностра”, индиските судови го товарат Рој за прекршување на индиските обичаи за инвестирање надвор од земјата.

“Судот нема ништо против Субрата да ги инвестира парите во Македонија. Но, нашите обичаи велат дека мора да биде срдечен со домаќините, барем еднаш месечно да се изгушка со претставник на владата каде што се инвестира, по можност министерот за финансии. Бакнувањето е корисно, но не е неопходно. Спротивно на ова, нашите информации велат дека Субрата повеќе од еден месец се нема гушнато со Ставревски”, се вели во соопштението на Судот.

Поврзани новости